Јужнокорејската претседателка најави распуштање на крајбрежната стража по несреќата со фериботот

Од:

Јужнокорејската претседателка Парк Геун-Хје денеска презеде одговорност за минатомесечната несреќа со фериботот и вети дека ќе биде распуштена крајбрежната стража, која била изложена на жестоки критики.

Во несреќата која се случи на 16 април загинаа или се водат како исчезнати над 300 лица, главно ученици, а јавноста ја обвини крајбрежната стража за неефикасно трагање и спасување на жртвите.

– Како шеф на државата одговорен за животите и безбедноста на Јужнокорејците, упатувам искрено извинување поради сите страдања на граѓаните, истакна Парк во телевиско обраќање до нацијата.

Таа оцени дека акцијата на стражата била неуспешна и многу животи можеле да бидат спасени.

– Одлучив да ја распуштам крајбрежната стража, нагласи Парк, додавајќи дека полицијата ќе ја спроведе истрагата, а за поморските активности ќе биде задолжено Министерството за национална безбедност, кое наскоро ќе биде формирано.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се запали авион на писта во Јужна Кореја – евакуирани се 169 патници

А1он

Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол

А1он

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски