Опаѓа нивото на водата во Обреновац, евакуацијата продолжува, повеќе патишта во Србија и натаму непроодни

Од:

Нивото на водата во Обреновац опаѓа, а евакуацијата на населението продолжува, изјави изутринава началникот на оперативниот градски центар за вонредни ситуации, Александар Марсениќ.

– Во центарот на Обреновац секојдневно пристигнува помош во намирници, како и за заштита од поплави. Евакуацијата трае од минута во минута, се обидуваме на народот да му помогнеме што е можно повеќе, истакна Марсениќ.

Тој апелираше до жителите на Обреновац, кои останале во своите домови да не излегуваат од куќите се додека не пристигне помош за да ги евакуира.

Марсениќ додаде дека екипите за дезинфекција за на терен.

Во меѓувреме советникот на директорот на полицијата, Братислав Дикиќ изјави дека ситуацијата во регионот на Термоелектраната Костолац Б е под контрола и оти Млава е во опаѓање.

– По 48 часа борби со поплавите во регионот на Костолац Б, поплавите ги ставивме под контрола. Имавме пробивање на три насипи во јужниот дел на тој регион во текот на вчерашниот ден. Потоа одлучивме водата тактички да ја пренасочиме кон старото корито на реката Млава, откако не успеавме да ја спречиме, додаде Дикиќ.

Вчера исто така е воспоставен заштитен насип во должина од девет километри, со цел да се заштити Термоелектраната и комплетната населба.

– Имавме подготовки за евакуација на населението, но тоа не е евакуирано, бидејќи немаше потреби, потсети Дикиќ.

poplavaSrbia19maj1

Српското Министерство за внатрешни работи соопшти вчера дека на територијата на Ваљево, Белград, Обреновац, Шабац, Пожаревац и Крагуевац голем број патни правни се непроодни за сообраќај, но оти ситуацијата на одредени собраќајници постепено се нормализира.

Сообраќајот е стопиран на делниците Осечина-Доње Црниљево, Пожаревац-Врбница, Жабари-Петровац, Братинац-Кличевац-Речица, во селото Маљуревац, патот за термоелектраната, бидејќи се излеа Млава, како и на делницата Лозница-Мали Зворник-Љубовља (во местото Мали Зворник) поради појава на лизгање  на земјиште.

Прекинот на сообраќајот е во сила и на делницита Рогачица-Корстојевиќи, Костојевиќи-Дуб, Рогачица-Бајина Башта и Костојевиќи-Варда.

Сообраќајот е во прекин и на делниците Белград-Умка, Умка-Обреновац-Учше, Наномир-Мионица-Дивчибаре, Калиманичи-Шилопај, Пожаревац-Велико Градиште, поради излевањето на реката Млава, потоа Венчане-Даросава, Дичи-Бољковци, Крадина Лука – Срасле Букве, Љиг-Латковиќ и Лајковац-Бругле.

Спасувачки тимови од 17 земји се ангажирани за помош на поплавените подрачја, изјави синоќа за Танјуг заменик-началникот на Секторот за вонредни ситуации на српското МВР, Иван Барас.

– Во Србија во моментот работат спасувачките тимови со пумпи со голем капацитет или со чамци од Русија, Бугарија, Словенија, Германија, Австрија, Унгарија, Чешка, Македонија, Црна Гора…, наведе Барас.

Од Русија по големата помош со 76 спасувачи од руското Министерство за вонредни ситуации, кои во Обреновац се веќе три дена и без прекин работат на евакуација на загрозените, на нишкиот и белградскиот аеродом вчера слетаа уште два авиони со хуманитарна помош и техничка опрема, а за денеска е најавен уште еден авион.

На Србија вчера и помогнаа и хеликоптери од Германија, Швајцарија, Белорусија, Македонија и еден контингент на Еулекс, додаде Барас.

Од завчера на терен се и седум хеликоптери од Словенија и Унгарија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

ВИДЕО: Тепачка во српскиот парламент, се пресметаа пратениците на власта и опозицијата

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија