Македонија денеска го одбележува Меѓународниот ден на семејството. Централниот настан ќе се одржи во Градскиот парк кај Школка во организација на повеќе невладини организации
Целта е да е покаже дека семејството е основна општествена клетка и вреднсот врз која се гради иднината на младите генерации.
Меѓународниот ден на семејството-15 мај е утврден пред 20 години од страна на Генералното собрание на Обединетите Нации.
Настанот е во организација на Центарот за советување и помош на жени “Лидија-Срце што чука”, Здружението за заштита на правата на детето-Дневен центар за деца на улица, Сојузот за грижи и воспитување на деца на Република Македонија, Сојуз за грижи и воспитување на деца на Град Скопје, НВО “Ревита” од Битола, а е поддржан од Министерството за труд и социјална политика.