Во Германија запленети рекордни 5,6 тони албанска марихуана

Од:

Полицијата од Баварија во соработка со царинските власти заплени рекордна количина од 5,6 тони албанска марихуана, јави дописникот на МИА од Тирана.

Дрогата, според албанските медиуми, била намената за германскиот, холандскиот и италијанскиот нарко пазар. Уапсени се осум лица на возраст од 30 до 49 години, а водачи на групата биле двајца браќа-Албанци. Уште еден член на нарко групата бил уапсен во Австрија.

Првиот човек на секторот за антидрога од Минхен, Јурген Тиел, изјави дека ова е најголема количина на дрога запленета во последните дваесет години во Баварија.

– Доколку оваа количина на дрога стигнеше на пазарот би достигнала вредност од 50 милиони евра. Дрогата беше скриена меѓу природни камени блокови транспортирани за Германија. Блоковите беа обработени на таков начин да изгледаат како обрабоен камен-гранит, а внатре беа полни со дрога, изјави Тиел.

Баварските медидуми наведуваат дела пакувањето на дрогата било направено во Албанија, каде марихуаната се купува слободно. На идентичен начин полицијата во октомври 2013 открила и запленила 645 килограми марихуана. Наркогрупата била следена шест месеци од полицијата на Баварија и Саксонија.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ