Македонската одбојкарска репрезентација денеска го игра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2015 година. Противник на Македонија е домаќинот на квалификацискиот турнир Полска.
Во првото коло Полска очекувано со 3:0 во сетови ја совлада Летнија, додека македонските одбојкари во пет сета загубија од Словенија со 3:2. Почетокот на натпреварот Полска – Македонија е во 18 часот.
Во првиот натпревар од 2. коло играат Словенија и Летонија.
Во недела Македонија во рамките на 3.коло ќе игра против Летонија. Истите репрезентации од 23 до 25 мај во Словенија ќе го играат и вториот квалификационен турнир.