Ѓоковиќ во полуфиналето во Рим

Од:

Новак Ѓоковиќ е третиот полуфиналист на Мастерсот во Рим, откако доцна попладнево во четвртфиналната фаза го победи Давид Ферер со 2:1 – во сетови 7-5; 4-6 и 6-3.

Претходно во полуфиналето на тенискиот турнир во италијанскиот главен град се пласираа Милош Раониќ (Канада) и Григор Димитров (Бугарија).

Раониќ со 2:1 (6-3; 5-7 и 6-2) беше поуспешен од Жереми Шарди, додека Томи Хас (Германија) му го предаде мечот на Димитров при резултат 1-0 во сетови за бугарскиот тенисер.

Вечерва од 21 часот во последната четвртфинална пресметка се среќаваат првиот светски тенисер Рафаел Надал (Шпанија) и Енди Мареј (Велика Британија).

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ