Ковачевски: Не прифаќаме насилно верификувани мандати!

Од:

Насилната верификација на мандатите на кандидатите за пратеници од oпозицијата, и покрај нашите нотарски заверени изјави дека не прифаќаме вакви мандати, е уште еден доказ за насилното владеење на власта на ВМРО ДПМНЕ предводена од Никола Груевски.

Она што важеше за Владимир Талески и други кандидати за пратеници во 2011 година, кога нивните изјави за неприфаќање на мандатот беа прифатени, денес не важи за нас како опозиција. Тоа се двојните аршини на ВМРО ДПМНЕ, партијата на власт која се става над Уставот и законите во Р.Македонија, порача денеска Васко Ковачевски, претседател на Општинската организација на СДСМ во Битола и носител на пратеничката листа на здружената опозиција за Изборната единица 5.

Тој порача дека слично како на црниот понеделник, 24 декември 2012 година, кога пратениците од опозицијата беа насила исфрлени од собраниската сала, сега во случајот со враќањето на мандатите, власта сака насила да ги внесе во Собранието на Република Македонија.

– Ако на 24 декември 2012 година на сила ги исфрлија нашите пратеници од собраниската сала, сега на сила со различито толкување на законите сакаат да ја внесат опозицијата во овој, според нас недемократски избран парламент.
Токму затоа, СДСМ денеска поднесува тужба до Управниот суд против Собранието на Република Македонија, за насилно верификување на мандатите на кандидатите за пратеници од опозицијата. Тужбата ја поднесуваат сите кандидати за пратеници кои со изјави на нотар се откажаа од пратеничките мандати.
Од Управниот суд бараме поништување на донесената противзаконска и противуставна одлука на Собранието за верификација на мандатите, како и донесување времена мерка за одложување на правните последици од ваквата насилна верификација.Управниот суд е должен да се изјасни во законскиот рок од 7 дена – рече Ковачевски.

Тој ги уверува поддржувачите дека сите од опозицијата се единствени во таквиот став и дека нема да потклекнат под притисоците и „заканите од власта“.

– Ќе го издржиме и ова, но потоа уште посилно ќе се издигнеме и ќе го срушиме режимското владеење на оваа криминална и насилничка власт – рече Ковачевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски да им се извини на уметниците и културните работници за навредите

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Проширувањето на ЕУ мора да продолжи, билатерални прашања не смеат да бидат изговор

ВИДЕО: СДСМ поднесе кривична пријава против Мицкоски за рушење на Уставот и кршење на законите

Катерина Ѓуровски

Филипче испратил писма до ЕУ, вели Мицкоски најавил политички прогон: Премиерот му одговори дека чувствата му се се посилни

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски како некој уличар, ја злоупотребува функцијата претседател на Владата за однапред да и се заканува на опозицијата