СДСМ денеска поднесува тужба до Управниот суд против Собранието на Република Македонија, за насилно верификување на мандатите на кандидатите за пратеници од опозицијата. Тужбата ја поднесуваат сите кандидати за пратеници кои со изјави на нотар се откажаа од пратеничките мандати, рече Петре Шилегов на денешната прес конференција.
Од Управниот Суд бараме поништување на донесената противзаконска и противуставна одлука на собранието за верификација на мандатите, додаде тој.
Собранието на РМ грубо го повреди уставното право на избор на кандидатите за пратеници од опозицијата. Собранието на ЕМ грубо го прекрши изборниот законик, игнорирајки ја јасно изразената волја на кандидатите на опозицијата, преку изјави заверени на нотар, дека мандатите не ги прифаќаат, вели портпаролот на СДСМ.
Еве ги доказите: Записник од собранието на рм и мислење од дик од 2011 година, кадешто е јасно констатирано дека избраниот пратеник има право на избор. Овие докази ќе бидат доставени заедно со тужбата до управниот суд.
Власта на Никола Груевски, преку собранието на РМ, се обидува политичката криза по криминалните избори, да ја покрие со правен хаос.
Никола Груевски за инструмент повторно го избра неговиот послушник Трајко Велјаноски.
Јавноста треба да знае дека Трајко Велјаноски и мнозинството на Никола Груевски, откако на сила ги направија пратеници кандидатите за пратеници на опозицијата, тргнаа во уште посуров чекор.
Свесно ги загрозуваат егзистенциите на овие луѓе и нивните семејства.
Со дописот на Трајко Велјаноски до нивните работодавци власта сака да ги остави БЕЗ ПЛАТА.
Сакаат да ги остават БЕЗ СТАЖ.
Манипулација се безобразните шпекупации преку провладините медиуми дека некој примал пратеничка плата, па уште од 90.000 денари.
Оваа власт се стави над Устав и закон и крши елементарни човекови права на избор, на здравство, на пензија, на работа!
СДСМ укажува и дека уставните и законски прекршувања директно од Законодавниот дом – Парламентот, повлекуваат незаконски постапувања и на институциите, организациите, фирмите во коишто работат кандидатите за пратеници на СДСМ, со тоа што се принудени да постапат по дикататорската волја на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.
Бараме од Управниот Суд, времена мерка за одложување на правните последици од насилната верификација на мандатите од страна на собранието на РМ.
Управниот суд е должен да се изјасни во законскиот рок од 7 дена.
Во спротивно, тоа ќе биде уште една потврда на оценката во Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, дека институции нема, дека во Македонија, се е партија и дека таа партија е ВМРО-ДПМНЕ.