Хелмут Шмит предупреди на опасност од Трета светска војна

Од:

Поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит ја спореди украинската криза со летото во 1914 година и ги предупреди САД, Русија и ЕУ на опасност од трета светска војна.

– Европа, Американците, но и Русите се однесуваат како што авторот Кристофер Кларк во својата книга за почетокот на Првата светска војна ги опиша – месечари, изјави Шмит за Билд.

Тој ја критикуваше ЕК дека премногу се меша во светската политика „иако најголем број комесари и едвај се разбираат во тоа“. Шмит нагласува дека сегашната ситуација во Украина се повеќе може да се спореди со ситуацијата во Европа од летото 1914 година и предупреди дека заострувањето на ситуацијата како во август 1914 година, расте од ден во ден.

Шмит ја критикуваше и ЕУ заради договорорт за асоцијација со Украина, но и службениците во Брисел дека малку се разбираат во политика. Според него, сега е потребно сите страни во украинскиот конфликт да седнат на преговарачка маса и оти тоа се однесува и на Русиите и Украинците, но и на Белорусите.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ