Околу 250 лица загинаа во конфликтот во Украина изминатиот период, изјави денеска на брифинг во Украинскиот кризен центар, помошникот на генералниот секретар на Обединетите нации за човекови права, Иван Шимонович.
– Истовремено треба да се потенцира дека украинската криза не ја поминала точката, од која нема враќање, истакна тој и упати повик да се вложат сите напори за деескалација на ситуацијата во државата.
Шимонович додаде дека сите страни засегнати од конфликтот треба да го спречат распалувањето на омразата пред изборите за претседател на Украина, кои се закажани за 25 мај.
– Зборовите, проткаени со омраза, раѓаат насилство. Треба да се прекине тој маѓепсан круг, рече Шимонович.