Гостиварец криел марихуана закопана во земја

Од:

Во акција на гостиварската полиција, при претрес во куќа откриено е околу еден килограм марихуана спакувана во ќесички.

Според СВР Тетово, во рамки на активностите кои се дел од операцијата „Мрежа” за откривање, отстранување и санкционирање на лица инволвирани во улична и друга трговија со наркотички средства, вчера попладне бил извршен претрес во домот и помошните простории (шупа и гаража) на Б.С (30) во населбата Шеста зона во Гостивар.

Во дневната соба во куќата, сокриени во фотелја, пронајдени се две најлонски ќесиња со вкупно 32 зипер кеси тревлива материја, најверојатно марихуана. Додека во шупата пронајдена е метална канта, која била закопана во земја. Во неа имало 115 зипер ќеси со тревлива материја и најлонско ќесе со извесна количина од истата материја.

Од СВР Тетово информираат дека пронајденото во претресот е одземено и испратено на вештачење, по што против Б.С кој за време на претресот не бил во домот, ќе следува пријава. Ова лице и претходно било пријавувано за пуштање во промет наркотички средства.

Би можело да ве интересира

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

Автопатот Гостивар – Кичево ќе биде готов во рокот, до крај на 2029 година

А1он

Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

А1он

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско