Шпанскиот тенисер Давид Ферер и Србинот Новак Ѓоковиќ ја заокружија листата на четвртфиналисти на АТП Мастерсот во Рим.
Ферер влезот меѓу осумте најдобри го обезбеди по победата над Ернест Губис (Летонија) со 2-0 во сетови (6:2 и 6:3).
Вториот светски тениски рекет Ѓоковиќ со пресврт го совлада Германецот Филип Колшрајбер. Oткако го загуби пррвиот сет со 4:6, во следните два беше поуспешен со 6:2 и 6:1.
Двојките за четвртфиналната фаза се: Милош Раониќ (Канада) – Жереми Шарди (Франција), Томи Хас (Германија) – Григор Димитров (Бугарија), Ферер – Ѓоковиќ и Рафаел Надал (Шпанија) – Енди Мареј (Велика Британија).
Турнирот во главниот италијански град се игра за награден фонд од 2,9 милиони евра.