Средношколци од Неготино даруваа крв

Од:

Средношколци од средното општинско училиште Свети Кирил и Методиј од Неготино денес даруваа крв во доброволната акција за која ја организираше Општинската организација на Црвениот крст од овој град.

-Посебно задоволство ни претставува тоа што сите овие ученици за прв пат даруваа крв и се вброија во редот на хумани неготинчани. Дел од нив се веќе полнолетни а дел го остварија своето право да даруваат крв на 17.5 години со посебна дозвола од родител, објасни секретарот на неготинскиот Црвен крст Блаже Настов.

Настов информираше дека е ова петта по ред крводарителска акција за оваа година и веќе имаат собрано околу 650 крвни единици. Речиси половина од годишниот план е веќе реализиран зашто досега се собрани околу 300 крвни единици. Очекуваат и годинава Неготино да се најде на високо место според бројот на крводарувања како и секогаш.

Би можело да ве интересира

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

Возач усмрти куче во Неготино кое поминуваше на улица со кавадарчанка и нејзината малолетна ќерка

Горан Наумовски

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко