Најмалку шест лица загинаа денеска откако ферибот со 200 патници се преврте во река во близина на бангладешкиот главен град Дака.
Според полицијата, од водата веќе биле извадени шест тела пред спасувачките бродови да пристигнат на местото на инцидентот. Фериботот пловел од Дака кон Шариатпур.
Засега нема информации за судбината на останатите патници на фериботот.