Британскиот мултимилионер од иранско потекло, Шоџа Шоџаи (56), кој наводно со пари и ветувања намамувал млади и убави манекенки во неговата вила во Шпанија, за потоа против нивна волја да ги држи како сексуални робинки и перверзно ги злоставувал, се брани дека е жртва на завера.
Полицијата го испитува обвинението на девет жени кои тврдат дека Шоџаи ги намамил со луксуз и ветувања дека ќе им помогне во кариерата, фалејќи се со познанствата со Владимир Путин и Барак Обама, за потоа насилно да ги држи во својата луксузна вила.
Шоџаи, кој е пуштен да се брани за слобдоа, тврди дека спиел само со три од деветте жени – со неговата сопруга и две љубовници. Рече дека сите можеле да излегуваат по желба, и тоа на шопинг, на патувања или на различни часови – јавање, танцување и карате, кои тој им ги плаќал.
Шоџа одрекува дека е татко на седумте деца, кои полицијата ги затекна во вилата заедно со жените. Татковство признава само за четири, додека за другите чека ДНК анализи.
Според неговата терорија, тој е жртва на завера на деветте жени, предводени од онаа која отиде во полиција и го обвини, 27-годишната креаторка и ќерка на еден татарски министер. Тој вели дека оваа жена се обидела личните и семејни финанскиски проблеми да ги реши така што организирала грабеж на неговиот имот – накит, персиски килим и други работи, вредни 2,5 милиони евра.