Зајакнување на критериумите кои треба да ги исполнуваат професионалните возачи со законски измени, најавува Републичкиот совет за безбедност на собраќајот на патиштата (РСБСП), по завчерашната несреќа кај Сарамзалино, во која, при судар на автобус и патнички воз, беа повредени 32 патници.
Во коментар на несреќата, за која вчера е почната истражна постапка и е пдонесена кривична пријава за возачот на автобусот, но и на објавените видео снимки на интернет на кои се гледа дека неколку часа по несреќата возачи повторно ја заобиколуваат спуштената рампа на железничкиот премин, од РСБСП оценуваат дека се работи за целосна неоговорност од одреден број професионали возачи.
– РСБСП увиде дека професиналните возачи во многу случаи се виновни за сообраќајните несреќи. Во иднина ќе мора да преземеме поголема кампања дури и промени во Законот за безбедност на патишта со размислување за водење евиденција колку професионалните возачи прават прекршоци. Доколку направат одредени прекршоци во текот на годината да немаат право да бидат професинални возачи. Мораме да ги изостриме критериумите, изјави денеска Љупчо Ставрески, член на РСБСП, одговарајќи на прес-конференција по промоција на кампања за бебзедност на матурантите во сообраќајот.
Според Ставрески, не може професионални возачи да се однесуваат непрофесинално, аматерски и неодговорно. – Ова ни беше капката којашто условно ја прелеа чашата во однос на неправилностите кои ги прават професионалните возачи и во иднина ќе мора заедно со нивните компании, со измени на законот, да ги поставиме работите на посигурни основи, појасни Ставрески.
Во Европа, укажа, постојат академии кои даваат лиценци и вршат обука на професионални возоачи, како и посебни полигони на кои возачите се оспособуваат да возат во секакви услови, но според закон.
– На ова прашање ние како држава во наредниот период ќе посветиме поголемо внимание особено затоа што планираме да го внесеме во рамките на активностите предвидени со втората нацинална стратегија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, рече Ставрески.
Според РСБСП, токму професиналните возачи треба да бидат пример и особено внимателни во соообраќајот.
– Железничкиот премин е направен според сите нормативи и стандарди. Се зборуваше дека рампите биле кратки и слично. Рампите не се непробојни бариери, туку се сигнал дека ќе помине воз. Постои светлосна сигнализација, и хоризонтална и вертикална, која повлекува апсолутно застанување кога се спуштени рампите затоа што ќе помине воз. Воедно, преминот е во сред поле, видливоста е одлична, се гледа дека доаѓа воз, рече Тоше Јанев, портпарол на РСБСП.
Сообраќајната полиција, истакна, ќе презема драстични мерки да се почитува сигнализацијата и на тој и на останатите премини, но мора да биде јасно дека се работи за човечки фактор и оти само со комбинација на подигнување на јавната свест и драстични казни може да се подобри состојбата.