Коха диторе: Косовска политичка мафија

Од:

Тајната служба на НАТО објави дека косовски политичари се вмешани во злосторства, а некои од водечките политичари на Косово опишуваат како мафијаши кои се поврзани со убиства, трговија со дрога, цигари и нафта, пишува денеска „Коха диторе“.

Под наслов „Политичка мафија на Косово“ на насловната страна на весникот од денеска во продолжение ќе се објавуваат делови од тајните извештаји кои ги добиле од воглавно американски и британски служби во НАТО.

Тајните документи кои ги набави „Коха диторе“ зборуваат за функционирањето на политичарите и нивните организации на мафијашки начин во послевоениот период.

Тајната служба на НАТО ја опишува Информативната служба на Косово како силна криминална организација која Американците и Британците ја поврзуваат со убиства, уцени, напади, шверц со дрога, нафта и елиминација на политички противници.

Тајната служба како што се наведува имал и Демократски сојуз на Косово која не се вика Национална безбедност, туку Косовска информативна агенција со која раководи, Авди Бехрами.Наведени се детали за наводни криминални и бизнис активности на Хашим Тачи, Кадри Весели, Азем Сила, Адем Грабовци, Џавит Халити и Фатмир Љимај во период кога ДПК се обидувала да победи на изборите и да дојде на власт.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска