Ким Џонг Ун: Ќе ја збришеме Јужна Кореја од Земјата

Од:

Северна Кореја и се закани на Јужна Кореја дека „ќе ја избрише од лицето на Земјата“. Заканата е упатена само ден откако официјални лица од Сеул изјавија дека нивниот северен сосед „наскоро мора да исчезне“.

Моќната Национална комисија за одбрана на север, коментарите на соседот ги нарече „недозволива провокација“, која ја покажува желбата на Сеул да го преземе Северот.

Во официјалната изјава која ја пренесе државниот сервис, се вели дека Северна Кореја ќе го „збрише и последното лице“ во владата на јужнокорејската претседателка Парк Геун хје.

Портпаролот на Министерството за одбрана на Јужна Кореја, Ким Мин сеок изјави дека Северна Кореја не е вистинска држава и дека постои само поради корист на едно лице, односно лидерот Ким Џонг Ун.

Овие коментари следат по низата обвиненија од Север, против претседателката на Јужна Кореја, кога ја споредија со проститутка и САД, нарекувајќи го американскиот претседател Барак Обама, мајмун.

Министерството за одбрана на Јужна Кореја изјави дека војската на Северна Кореја не презела никакви сомнителни дејствија и дека се подготвени да „се спротивстават“ на каква било провокација на соседот.

 

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Потпишан договорот: Русија и Северна Кореја имаат заедничка одбрана

Предраг Петровиќ

Сестрата на севернокорејскиот лидер: Само лудаците од Сеул и Киев може да видат наши војници во Украина

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Каква војска испраќа Северна Кореја за помош на Русија на украинскиот фронт