Грција и Австралија договорија визен режим „работи и патувај“

Од:

Грција и Австралија по двегодишни преговори, постигнаа договор за воведување на визен режим „работи и патувај“, што ќе обезбеди едногодишни работи дозволи за 500 млади луѓе од 18 до 30 години во рамките на пилот програма за јакнење на туризмот и билатералните односи.

– Шемата што ќе овозможи на младите да работат и живеат во Грција или Австралија до една година, треба да стапи во сила во следните месеци, откако ќе биде изгласана од грчкиот паралмент, изјави министерката за туризам Олга Кефалојани.

Министерката во Канбера потпиша договор со австралискиот министер за имиграција Скот Морисон, пишува грчкиот весник Катимерини.

Морисон нагласи дека шемата ќе биде продолжена ако се покаже како успешна.

Би можело да ве интересира

Во Грција е уапсен државјанин на Македонија со „богато“ криминално досие

Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите

Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија