Мислите дека никогаш не сте го лажеле вашето дете? Размислите повторно. Ви претставуваме ситни и „ мали бели лаги“ кои децата ширум светот секојдневно ги слушаат од родителите.
Таткото блогер, Арон Гуавеј на неговиот последен блог предложи една голема вистина, која мал број родители би признале – сите мајки и татковци ги лажат своите деца.
– Ги лажеме своите деца од многу причини. Затоа што сакаме да ги заштитиме. Затоа што не го знаеме секогаш вистинскиот одговор. И, дека понекогаш затоа што сме мрзеливи, пишува Гуавеј.
Меѓутоа, како што тој истакнува, постои значајна разлика меѓу лажење со цел да се повредени друго лице и „малите бели лаги“ кои се добронамерни. Родителите се одлучваат за ова второто, а Гуавеј издвои дури 15 лаги.
Време е за спиење
Иако се уште не сте го погледале часовникот, веќе само гледате дека е мрак и чувствувате исцрпленост од напорниот ден кои ви буди желба за тишина, и затоа на детето му кажувате дека е време за во кревет.
Ова е многу вкусно
Таканареченото „изненадување за тато“ е оброк кој детето го прави додека си игра покрај фрижидерот и се состои од помалку-повеќе што е пред него. Дали навистина ви се допаѓа мешавина на краставици, џем, несварени тестенини и мајонез?
Цртежот е неверојатен
За љубов кон децата, ќе се согласите со нив, дека четири хоризонтални линии од различни бои личат на куќа и ќе поверувате дека апстрактното животно, всушност е Бетмен.
Не знам каде е твоето дело
Да, знаете. Го фрливте. Детето секој ден од градинка носи по пет фигури од пластелин и за нив едноставно повеќе нема место.
Празна ми е батеријата на мобилниот телефон
Кога во текот на целиот ден слушате: „ Може ли да си играм со твојот телефон? Може ли да си играм со твојот телефон? Може ли да си играм со твојот телефон?“, природно е некогаш да кажете дека многу би сакале да му попуштите на детето, но дека тоа е невозможно.
Не верувам дека лекарот ќе ти дааде вакцина
Имено, го носите детето да прими пет вакцини. Значи, ова можеби и не е лага.
Бебињата се прават така што двајца луѓе се сакаат
Или кога се испие повеќе вино. Или кога презервативот пукне. Или кога мама ќе заборави да ги испие нејзините апчиња.
Твоето чоколадо? Го изеде кучето
За разлика од мачките, кучињата се најдобри пријатели на човекот. Исто така, тие можат да послужат и како некој кој ќе биде дежурен виновник.
Мислам дека твоето мече отиде на одмор
Доколку една кадифена играчка се изгуби некаде на релација центар – зоолошка градина – игралиште, може да е нарече одмор, тоа мече одлично си поминува и неговиот одмор најверојатно ќе трае засекогаш.
Дедо Мраз нема да дојде ако не употребиш нокшир
Кога детето несака да се обиде со нешто ново, Дедо Мраз одлучува да го одложи неговото доаѓање. Прилично невообичаено, зарем не?
Продавница за играчки/за слатки е затворена
Кога стопати на детето ќе му одговорите дека не можете сега во продавница, а тоа ве замолува 101 пат, време е за „бела“ лага.
Нерешено е
Мама победи во играта, но не сака да те растажи. Штом ќе одиш на спиење, мама ќе заигра победничка игра.
Да, твојата златна рипка често спие деновиве
Еден ден кога детето уште малку ќе порасне, ќе му објасните поради што неговото милениче така невообичаено се однесува и тоа ќе соодветен погреб. До тогаш, пуштете го старото другарче низ вода и замените го со нова рипка.
Не можеме да купиме мачка бидејќи си алергичен на влакна од мачка
Ако детето се уште не сте го носеле на алерготест, ова е можеби точно. Доколку тоа игра со мачката на соседите секој ден и се чуствува одлично, време е ја промените тактиката.
Мама и јас се.. ние се.. Бориме
„Мама е над мене затоа што се обидува да ме победи во борење. Не, не можеш и ти да си играш. Да, потребно е вратата да биде затворена“, го завршува Гуавеј своето духовито излагање на мали лаги.