Конзорциум со меѓународно учество потпиша вчера во Атина договори за анализи и експлоатација на јаглеводороди во три региони во западна Грција – близу градот Јанина, заливот на градот Патра и Катаколо на полуостровот Пелопонез.
Инвестициите за сондажите се над 700 милиони евра, објави весникот Етнос.
Претставници на компаниите тврдат дека на посочените „терени“ каде ќе се врши сондажа за јаглеводороди има наоѓалишта на околу 300 милиони барели нафта, а крај градот Јанина прогнозите се за евентуално наоѓалиште на природен гас со капацитет од околу шест милијарди кубни метри, наведува весникот Имерсија.
Весниците објавуваат дека сето тоа било искажано на вчерашната церемонија при потпишување на договорите.
Според грчките власти, ќе биде објавен и тендер за концесија на „терени“ за сондажи за јаглеводороди во Јонското Море и јужно од островот Крит.