Јужнокорејското обвинителство покрена обвинение за убиство од небрежност против четворица членови на екипажот на потонатиот во април ферибот, при што загинаа над 280 патници.
Обвинителството, исто така, ги обвини сите 11 преживеани членови на екипажот за небрежност. Против екипажот е покрената кривична истрага, бидејќи се верува дека го напуштиле фериботот пред да им помогнат на патниците.
Најголемиот патнички ферибот во Јужна Кореја потона на 16 април во близина на југозападното крајбрежје на Корејскиот полуостров. На него имаше 465 патници и членови на екипажот, 325 од кои ученици од јужнокорејскиот град Ансан. Спасени беа само 174 лица, вклучително капетанот и голем дел од екипажот.