Поранешниот шеф на ЦИА и НСА, генерал Мајкл Хејден во тек на дебата на Универзитетот, Џон Хопкинс за собирање на податоци кои ги објавува НСА, призна дека владата собира податоци од повици на граѓани и ги користи при ликвидација.
Тој наведе дека добиените податоци се користат како основа и олеснување на специјалните служби за убивање на луѓе. Од друга страна, поранешниот советник на НСА, Стјуарт Бејкер рече дека количината на податоци кои што се собираат на овој начин, е повеќе од доволна за откривање лични податоци.
Е.Г.