Сензација во Рим: Федерер загуби од Шарди!

Од:

Рожер Федерер е поразен од Французинот Жереми Шарди кој направи големо изненадување уште во второто коло на АТП Мастерсот во Рим, откако денеска по три сета го елиминираше четвртиот светски рекет.

Швајцарецот делуваше доста расположено за игра во првиот сет кој го доби со рутински 6:1, но тоа како да го опушти популарниот Федекс кој во продолжение не можеше да го пронајде својот препознатлив ритам.

Вториот сет му припадна на Шарди со резултат 6:3, во третиот имаше предност од еден брејк при резултат 4:2, но сепак Федерер се избори за тајбрејк во кој пропушти и една меч топка. Французинот одлично се одбрани од последниот налет на Федерер при резултат 6:5 во тајбрејкот, а потоа со серија од 3:0 го приведе мечот во своја корист по нешто повеќе од 2 часа игра на централниот терен во Рим.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ