ВИДЕО: Стружанец приведен во полиција, малтретиран, па пуштен на слобода

Од:

Стружанец тврди дека бил приведен во полиција, таму бил малтретиран, па на крај бил пуштен на слобода. Имено, се работи за познат бербер во Струга, во чија берберница имало и банкомат во сопственост на некоја од банките. Кога дошол на работа, на 7 мај, стружанецот видел дека вратата од неговата берберница е разбиедна и пријавил во полиција. По кратко време дошол еден полицаец кој ги чекал и другите припадници на полицијата и крим – техника.

Откако зеле отпечатоци од банкоматот, полицијата си заминала. После два дена, стружанецот бил повикан на информативен разговор и набрзо бил пуштен. Наредниот ден, од полицијата го известиле дека ќе биде лишен од слобода и направиле претрес во неговата берберница. Откако не нашле ништо, се упатиле во неговиот дом и таму да направат претрес. По претресот на неговата куќа, го однеле во полиција каде го држеле неколку часови. Тој тврди дека во полициската станица бил малтретиран и физички нападнат од неколку службеници. По извесно време бил пуштен на слобода.

Стружанецот, иако поминаа пет дена, се уште беше видно вознемирен додека разговараше со екипата на А1он и нагласи дека поради нарушување на психичкото здравје не може да ги извршува секојдневните активности и неговата берберница не работела овие денови.
Физичките повреди поминуваат, заздравуваат, но психичкото малтретирање ме спречува нормално да живеам. Не можам да работам. Луѓето кои се мои клиенти секој ден ме прашуваат кога ќе отворам – истакна за А1он, вознемирениот стружанец, кој ни приложи фотографии од физичките повреди нанесени од, како што вели, полициските службеници.

Тој рече дека ќе поведе судски спор против службениците кои го малтретирале и ќе поднесе кривични пријави за ова дело.

Портпаролот на СВР – Охрид, Стефан Димоски истакна дека таквите ситуации на претставки, усмени и писмени, поднесени од граѓани до полициски службеници ги решава Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди. Дури откако ќе се разгледала претставката можеле да излезат со официјален став.

Додека екипата на А1он разговараше со малтретираниот граѓанин, жители на Струга кои добро го познаваат се нудеа да му помогнат на било каков начин и му даваа поддршка.

DSC00633

DSC00634

DSC00635

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он