Хрватскиот завод за јавно здравство се сомнева дека еден хоспитализиран пациент во Славонски Брод е инфициран со вирусот „Западен Нил“.
Тоа го заклучиле врз основа на клиничката слика и епидемиолошките наоди после престојот во Србија.
Резултатите од анализата укажале на веројатна инфекција со вирусот „Западен Нил“, кој треба дополнително да се докаже во референтна лабораторија.