На денот на 127 годишнината од обединувањето на Бугарија, претседателот Росен Плевнелиев го повика од Пловдив македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов „да ги почитува обврските и ветувањето од пред два дена во Брисел-да запре манипулација на историјата и преиначавањето на историските факти“.
Бугарскиот шеф на државата посочи дека очекува од својот македонски колега реални активности за поддршка на европската иднина на неговата земја, што ја исклучува кражбата на бугарска историја.
“Имав средба со македонскиот претседател, последната беше пред два месеци во Белград. Му кажав категорично дека Бугарија никогаш нема да направи компромис со својата историја, ниту со историските факти за регионот такви какви што се. Посочив дека манипулација на историјата и дијалогизирањето на фактите , замената на историските факти не помогнало никому на Балканот “, рече Плевнелиев.