Бројот на луѓето кои заради воен конфликт или кризна ситуација се раселиле од едно на друго место во државите во кои живеат минатата година изнесува рекордни 33,3 милиони луѓе.
Рекордот се објаснува со војната во Сирија, каде на секоја минута по едно семејство го напушта домот и заминува на друго место, се вели во извештај објавен денеска во Женева.
Извештајот на Центарот за мониторинг на внатрешно раселените луѓе покажува дека во пет држави има најмногу внатрешно раселени лица, Сирија, Колумбија, Нигерија, ДР Конго и Судан.