Металург еден натпревар ќе игра пред празни трибини

Од:

Лидерот на табелата во ракометната Супер лига, Металург е казнет од страна на Дисциплинската комисија на Ракометната федерација на Македонија со забрана за одигрување на еден натпревар на домашен терен без публика, како и парична казна од 150 илјади денари.

Казната е изречена заради прекршувања на одредбите од член 106 од Дисциплинскиот правилник на РФМ за време на првенствениот натпревар од 6. коло со Вардар одигран во салата „Автокоманда“.

Притоа во одлуката се наведени прекршоците: фрлање на ролни и останати предмети на теренот за игра; користење на запаливи материи за време на натпревар; пушење во салата за време на натпреварот; влегување на гледачите на терен за време на натпревар; навлегување на гледачите на терен по завршетокот на натпреварот и напад од членови на клубот или делови и поединци од навивачка група или навивачи, на членови на противничкиот клуб или делегат и комесар на натпреварот, или судија на натпреварот.

Би можело да ве интересира

Озтурк нов ракометар на Металург

А1он

Металург поразен од Чеховски Медведи во Лига Европа

Ана Ололовска

Металург се раздели со двајца странски ракометари

Ана Ололовска

Одложени дуелите на Металург со Чеховски Медведи поради коронавирус

Кастратовиќ за групата на Металург: Нема слаби екипи, не очекуваат тешки натпревари

Ана Ололовска

Металург почнува со Тулуз во групната фаза на Лигата на Европа

Ана Ололовска