Едно лице го загуби животот во сообраќајка во струшко Ливада

Од:

Тешка сообраќајна несреќа во која учествувале мини бус„ Мерцедес“,  со струшки регистерски таблички и моторцикл „Хонда“ со струшки таблици, а  на кој се наоѓале две лица,  се случи попладнево во близина на струшкото село Ливада.

Животот го загуби возачот на моторциклот,  37 годишниот Мирсад Абдурахмани, а неговиот совозач Абдурахман Иса роден 1992 година е надвор од животна опасност и се наоѓа во Општата болница во Струга.

Сега починатиот Абдурахмани најпрво е пренесен во Болницата за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо, а потоа и во Општата болница во Струга каде им подлегнал на повредите.

Несреќата се случи во моментот кога минибусот не отстапил првенство на минување, при што во него директно удрил моторциклот кој доаѓал од спротивниот правец.

Со минибусот управувал Зуди Села роден 1961 година од селото Ливада,  информираат од СВР Охрид

Направен е комплетен увид на  местото на несреќата.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане, осум лица повредени

Тројца повредени во сообраќајка на патот село Караорман – Штип

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат село Караорман – Штип

Петмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Струмичанец e тешко повреден во несреќа кај кавадаречкото село Марена

Горан Наумовски

Две лица повредени во сообраќајна несреќа на скопската обиколница