Францускиот фотограф Ерик Лафорг, преку мемориска картичка прокриумчари слики од Северна Кореја, кои што лидерот Ким Џонг Ун не сака да бидат објавени.
Тој ги префрлил фотографиите на мемориска картичка, бидејќи му било речено да избрише се што фотографирал и поради тоа што му ја одзеле камерата.
Како резултат на својата постапка, добил забрана за влез во Северна Кореја, бидејќи одбил да ги избрише „навредливите“ фотографии, на кои може да се види сиромаштијата, која што режимот се труди да ја сокрие од медиумите.
Некои од сцените прикажуваат очајни деца, кои живеат на работ од животот. На една фотографија се гледаат две деца, кои собираат пченка од улица.
-Секој посетител е предупреден да не фотографира без дозвола на водичот, кој е со вас од моментот кога ќе дојдете во Пјонгјанг. Но во реалност, невозможно е да се контролираат сите, особено кога се работи за групи- вели Лафорг.
Фотографот додава дека инсистираат да не се фотографира ништо што има врска со армијата или сиромаштијата. Според него фотографиите даваат увид во комунистичка држава, која фанатично се обидува да ги сопре негативните коментари за себе.
Некои од најинтересните го покажуваат големиот јаз помеѓу богатите и сиромашните.
-Ќе бев разочаран доколку не ги споделив фотографиите, бидејќи се обидов да покажам нешто повеќе од клише за оваа држава. Се трудев да разговарам со луѓето, се обидов да ги прикажам како нормални-вели Лафорг.
Е. Г.