Се повеќе жители на Шкотска поддржуваат независност од Велика Британија и се повеќе од нив се чувствуваат незадоволни од негативната кампања која има за цел да ги задржи во Обединетото кралство.
Според анкета на Ти-Ен-Ес објавена денеска, 35 отсто жители на Шкотска со право на глас поддржуваат независност, а 44 отсто се против.
Разликата од 9 проценти е најмала меѓу двата „табора“ од септември досега кога почнаа анкетите и кога разликата беше 22 отсто.
Референдумот е закажан за 18 септември.
Од анкетираните 53 отсто се со став дека ја чувствуваат како исклучително негативна про-британската кампања под наслов Подобро е заедно. Кампањата ја води поранешниот британски министер за финансии Алистер Дарлинг.