Истражување: Зошто не се сеќаваме на настаните од раното детство

Од:

Бебињата секогаш заобраваат, затоа што сеќавањата на доенчињата се бришат со развојот на нови мозочни клетки, тврдат научниците кои ги испитуваа глодарите.

Овие податоци нудат објаснување зошто луѓето кои не можат да се сетат за настаните од раното детство.

– Ова навистина е фасцинантно. Никој пред нас не го проучуваше ова, изјави Томас Инсел, неуролог психијатар.

Коавторката на студијата Шина Џозелин истакна дека пред повеќе од 100 години Зигмунд Фројд пишувал за човековата тенденција да ги заборави раните години од својот живот, нарекувајќи го тоа инфатилна амнезија. Научниците мислеа дека сеќавањето се чува со помош на јазикот, бидејќи децата почнуваат да имаат долгорочни сеќавања од времето кога почнуваат да одат во училиште.

– Најчудна работа е тоа што поголемиот број животни имаа инфантилна амнезија, па развојот на јазикот не може да биде објаснување, истакна Џозелин.

Инспирирани од своето дете Џозелин и нејзинот сопруг Пол, уште еден од коавторите, се запрашаа зошто малите деца не можат да задржат сеќавања на некоја ситуација или настан. За меморирањето важен е хипокампусот, дел од мозокот кој произведува нови клетки.

Истражувањето утврдило дека глувците, исто како и луѓето имаат дупки во најраните сеќавања. Како глувците стареат производството на неурони забавува. Пад на производството на неурони се поклопува со способноста овие глодари да ги запамтат страшнит ситуации.

За потребите на тестирањето истражувачите ставиле возрасен глушец во соба со која мирисало на киселина и го плашеле со благи шокови. Возрасниот глушец научил да се плаши од таа соба, па дури по 28 дена кога бил вратен во собата се уплашил. Малото глувче меѓутоа заборавило и еден ден по шокот, стравот почнал да бледнее.

Научниците дошле до заклучок дека новите клетки произведени од хипокампусот се виновни за тоа што мозокот не може да памти што било во раното детство, бидејќи новите клетки ги бришат старите клетки во кои се наоѓаат претходните сеќавања.

– Можеби тоа што забораваме и не е толку лоша работа. Можеби е добро да прочистиме некои сеќавања и да заборавиме некои работи кои не се толку важни, истакна Џозелин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска