СДСМ: Иванов има избор – Да сфати што му порачува меѓународен фактор или да продолжи да ја уништува Македонија

Од:

Притеснет од јавноста дека нема честитки за Ѓорге Иванов, неговиот Кабинет мораше да ги објави добиените, а преку нивната содржина уште покатегорично излезе на виделина ставот на ЕУ, за политичките случувања во земјава по изборниот процес.

Лично претседателот на Европската унија Жозе Мануел Баросо во честитката му потенцира на Иванов дека важни предизвици се на патот на интеграцијата на Македонија во ЕУ, а меѓу нив наведува дека “од суштинско значење е градење доверба меѓу граѓаните во демократските процеси“.

На ниво на укажување е честитката и од претседателот на Германија, Јоаким Гаук, кој му посочува на Иванов дека единствениот правилен пат за Македонија кон европските народи е “патот кон правната држава“.

Ѓорге Иванов и неговиот ментор Никола Груевски имаат избор да сфатат што им порачува релевантниот меѓународен фактор или ќе продолжат да ја уништуваат Македонија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби