Рама: Албанците се жртви, а не воени злосторници

Од:

Трагичната војна на територијата на поранешна Југославија не треба да заврши со тоа дека Албанците ќе бидат обвинети за воени злосторства, оцени албанскиот премиер Еди Рама во врска со најавите за формирање на специјален суд за воени злосторства извршени од страна на ОВК за време на конфликтот на Косово.

– Сметам дека секое воено злосторство треба да биде казнето и осудено, но од друга страна би било апсолутно негативно доколку тоа води кон обвинување на Албанците дека тие биле воени злосторници, кога е јасно дека тие беа жртви – истакна Рама во интервју за виенскиот весник „Стандарт“.

Запрашан како Албанија ќе соработува со овој нов суд, бидејќи некои од обвиненијата на известувачот на Советот на Европа, Дик Марти се однесуваат и на Албанија, Рама нагласи дека Тирана е отворена за секакви информации во врска со истрагите или судските процеси.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“

Двајца македонски туристи останале блокирани во заливот Филикури кај Химара, ги спасила полицијата