Тодоров и Јанакиески ги посетија повредените примени во Ургентниот центар

Од:

Повредените во сообраќајната несреќа на патот Штип-Велес кои се хоспитализирани на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ), на Одделот за трауматологија и на Клиниката за неврохирургија, попладнево ги посетија министрите за здравство и за транспорт и врски, Никола Тодоров и Миле Јанакиески.

Во меѓувреме, уште четворица полесно повредени се донесени во Ургентниот центар, каде им се прават дополнителни испитувања.

Директорот на Клиниката за ТОАРУ (трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар, Реџеп Селмани и директорот на Клиниката за неврохирургија Александар Чапаровски ги информираа министрите дека повредените се во стабилна состојба. Еден повреден во несреќата, кој бил примен во Ургентниот центар, е пуштен на домашно лекување.

Претходно, министрите Тодоров и Јанакиески го посетија местото на несреќата, како и повредените хоспитализирани во Клиничката болница во Штип и Општата болница во Велес.

Во Клиничката болница во Штип во моментов се згрижени 13 повредени во несреќата. Во Општата болница во Велес во моментов се згрижени 9 повредени. Еден повреден од Велешката болница во моментов го транспортираат кон Ургентниот центар-Скопје, каде треба да му бидат направени дополнителни испитувања.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски