МНТ започнува нов театарски фестивал

Од:

Седум национални театри ќе гостуваат на првиот Меѓународен театарски фестивал во организација на Македонскиот народен театар, а со поддршка на Министерството за култура, што ќе се одржува од 25 мај до 5 јуни. Гостуваат претстави во изведба на ансамблите на националните театри на Грузија, Бугарија, Азербејџан, Црна Гора, Хрватска, Србија и Велика Британија.

Директот на МНТ, Дејан Лилиќ, на прес конференција, денеска, го најави првото издание на Меѓународниот театарски фестивал – МНТ. Идејата за фестивалот, како што рече, е стара две години, а произлегува од фактот дека сите национални театри делат исти предизвици, а фестивалот ќе биде место каде што ќе се презентираат вистинските театарски вредности.

mnnntttt (6)

-Нашата идеја е фестивалот да овозможи презентирање на различните сценски естетики и подобро меѓусебно запознавање и се разбира отворање на поголеми можности за посериозна взаемна соработка во иднина и размена на искуства, вели Лилиќ.

mnnntttt (2)

Во рамки на фестивалот на сцената на МНТ ќе гостуваат националните театри од седум држави, меѓу кои и британскиот ‘Глоуб театар’ кој има четиривековна традиција. Ансамблот на лондонскиот театар ќе го затвори фестивалот со претставата ‘Хамлет’ во режија на Доминик Дромгул и Бил Бакхарст која ќе биде изведена во два термини, попладне и вечер.

mnnntttt (3)

На сцената на МНТ ќе бидат изведени и следните претстави: ‘Како што милувате’ во изведба на грузискиот национален театар ‘Коте Марџијанишвили’ во режија на Леван Цулазде (25-ти мај), потоа ‘Лет над кукавичкото гнездо’ во изведба на бугарскиот народен театар ‘Иван Вазов’, во режија на Александар Морфов (27-ми мај). Националниот театар на Азербејџан ќе ја изведе претставата ‘Мене…нас…’ во режија на Гунер Сатај (28-ми мај), Црногорско народно позориште ќе ја изведе претставата ‘Everyman Dzilas’ во режија на Радмила Војводиќ (29-ти мај), Хрватскиот народен театар ќе ја изведе претставата ‘Медеја’ во режија на Томаж Пандур (31-ви мај), а ансамблот на српскиот народен театар ќе ја изведе претставата ‘Народен пратеник’ во режија на Саша Габриќ (03-ти јуни).

mnnntttt (4)

Во рамки на фестивалот ќе бидат одржани работилници и предавања на кои ќе присуствуваат и актерите и режисерите на претставите.

Картите од утре ќе бидат пуштени во продажба на билетарата на МНТ, а ќе чинат 300 денари, освен за претставата ‘Хамлет’ која ќе чини 500 денари.

mnnntttt (5)

Министерството за култура за фестивалот одвои буџет од 49 илјади евра, а фестивалот ќе се финансира и од средства на МНТ.

mnnntttt (1)

Би можело да ве интересира

Со доделување на наградата за високо актерско достигнување завршува ФКТ „Ристо Шишков“

Предраг Петровиќ

„Галеб“ од Чехов премиерно во битолскиот театар

Предраг Петровиќ

Тетовски актери наградени за најдобра машка и најдобра женска улога на затворањето на „Фестивалот на фестивалите“ во Требиње

Откажан перформансот „Во моите чевли”, во Сули ан перформанс на Михаил Парушев

Премиера на претставата „Океанија“ покрај струшкото крајбрежје

Во Прилеп завршува МТФ „Војдан Чернодрински“