А сега…почнуваме да ползиме!

Од:

Бебето додека си игра, лежејќи на стомакот и подигнувајќи ја главата, го јакне вратот и ја подобрува координацијата на рацете и на нозете, а потоа може да се крене на дланките и на колената и да се ниша напред назад.

Најпрво ги зајакува мускулите на рацете, подоцна на нозете, така што ќе може да се турка нанапред. Со текот на времето и со доста вежбање, кога ќе наполни околу девет месеци, полека ќе почне да ползи. Најпрво пополека, а потоа кога ќе зајакне, нема да можете да го стигнете.

Проблеми со ползењето

Иако повеќето бебиња почнуваат да ползат на девет месеци, некои тоа го прават дури по една година. Од друга страна многу бебиња измислуваат некој свој стил, па така ползат на дланките и стапалата, се оттурнуваат со задникот или се лизгаат со стомакот.

Има и деца, кои го прескокнуваат овој развоен процес и од седечка позиција само се исправуваат и проодуваат. Се додека бебето нормално ги користи и рацете и нозете, без разлика дали стои исправено или се движи на четири нозе, нема причина за загриженост.

Меѓутоа доколку едната рака или нога ја користи значително повеќе, обратете се до педијатар, бидејќи ваквата асиметрија може да укажува на послаб нервен или мускулен систем.

Просторија за вежбање

Пружете му на бебето доволно простор за да вежба ползење. Паркетот и сличните видови на подови често се лизгави и на бебето му е тешко по нив слободно да се движи. Тенките или подебелите теписи не се едноставни за чистење и често се легло за прашина и други алергени. Избегнувајте исто така да го облекувате бебето во облека, која му е голема, бидејќи лесно може да се сопне и да се повреди.

На бебето треба да му овозможите безбедно ползење по куќата. Тргнете ги сите ситни предмети, кои може да ги дофати и проголта. Заштитете ги сите штекери и ставете ја целата домашна хемија надвор од негов дофат.

Со ползењето под, над и околу различни објекти, детето на најдобар начин ја запознава околината. Кога ќе здогледа столица, бебето ќе се запраша дали може да мине меѓу нејзините ногарки и секако ќе се обиде да го стори тоа. Доколку не успее во својата намера ќе стекне ново искуство и ќе стане свесно за просторот и големината на одредени објекти, како и за нивната присутност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска