Нова победа за Мицов во Египет

Од:

Македонскиот тенисер Стефан Мицов успешно стартуваше на уште еден фјучрс турнир во Шарм Ел Шеик, Египет. Тој денеска во првото коло го победи Франческо Вилардо од Италија со 2:1 во сетови.

Првиот сет му припадна на Италијанецот Вилардо (1507 место АТП) со 6:2 во гемови, но потоа Мицов направи пресврт и ги следните два сета ги доби со 6:3 и 6:1 за победа и пласман во следното коло и освојување на најмалку уште еден поен.

Во второто коло нашиот тенисер ќе игра против победникот од дуелот Карим Кадри (Египет) и Адам Павлашек (3. носител, Чешка).

Во игра на двојки попладнево Мицов со Бесир Дургути играат против Аргентинците Лучиано Бетеља и Матиас Дестефанис.

Дургути утре во рамките од 1.коло ќе игра против првиот носител Жермен Гигуно од Белгија.

Би можело да ве интересира

Алкараз лесно го совлада Медведев

Предраг Петровиќ

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Шпанскиот тенисер Алкараз за 57 минути се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ