„Златна зора“ останува без државно финансирање

Од:

Крајнодесничарската партија „Златна зора“ ќе остане без државна субвенција,  бидејќи Државниот совет на Грција го отфрлил барањето на партијата против прекратувањето на нејзиното финансирање.

Државното финансирање на „Златна зора“ беше замрзнато со министерска одлука во декември 2013, откако лидерот и дел од нејзините пратеници беа обвинети за припадност кон криминална организација.

Според истото обвинение порано овој месец грчкиот Парламент го симна имунитетот за судска истрага на уште четворица пратеници од партијата.

Грчките власти презедоа широка истрага на Златна зора по убиството во септември на музичарот со левоориентирани убедувања, за што е обвинет приврзаник на партијата.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит