А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Нормализиран сообраќајот на патот Штип-Велес

by А1он13/05/2014 - 12:25115
Share0

Сообраќајот на патниот правец Штип-Велес е нормализиран откако утрово беше во прекин, по сообраќајната несреќа меѓу шинобус-воз и автобус.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во несреќата повредени се најмалку 32 лица. На Клиничката болница во Штип пренесени се 16 патници кои се во стабилна состојба. Од нив, 11 моментално се на Одделот за хирургија, а еден патник поради повреда на рбетот е испратен на клиниките во Скопје.

Во болницата во Велес пренесени се уште 16 патници од кои тројца со потешки телесни повреди се испратени во Скопје. Од нив, еден е неконтактибилен, а другите се со повреда на кичмата и ребрата. Двајца се пуштени на домашно лекување, а останатите се на хирургија и им се спроведуваат прегледи. Меѓу повредените е и една бремена жена која е во добра состојба.

Директорот на „Македонски железници Транспорт“ Оливер Дерковски, денеска изјави дека сигналните уреди на железницата биле во ред односно функционирале. Првичните индиции, како што посочи, покажуваат дека возачот на автобусот поминал на спуштени рампи, на обезбеден премин железнички премин.

Следете a1on на Youtube YouTube
patistasoobrakajka

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Горан Наумовски27/10/2026 - 15:45

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Горан Наумовски21/10/2026 - 17:02

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски18/10/2026 - 13:3618/10/2026 - 14:08

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски17/10/2026 - 16:4917/10/2026 - 17:14

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он08/10/2026 - 10:2608/10/2026 - 10:26

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски11/09/2026 - 13:3411/09/2026 - 13:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео