Украинската валута, гривната целосно ќе биде повлечена од оптег на Крим и во Севастопољ од 1. јуни, изјави претседателот на руската држава Дума, Сергеј Наришкин.
Думата на 14. мај ќе ги разгледа измените на федералниот закон за интеграција на Република Крим и градот Севастопољ, како одвоени федерални ентитети.
– Со измените се предвидува скратување на периодот во текот на кој гривната ќе остане во оптек на Крим до 1 јуни 2014 година, изјави Наришкин.
Тој додаде дека финнсиските институции на Крим и Севастопољ ќе бидат подредени на Руската централна банка.