Со Германија по Втората светска војна управувала тајна војска?

Од:

Политичкиот неделник „Шпигел“, повикувајќи се на документи од германската разузнавачка служба (БНД), пишува дека четири години по Втората светска војна, ветерани од редовите на германскиот Вермахт и Хитлеровите СС единици, формирале тајна армија од околу 40.000 луѓе.

Таа акција од 1949 година, со ангажман од околу 2.000 поранешни офицери, била спроведена зад грбот на владата и јавноста, а нејзин главен организатор бил некогашниот инспектор на Бундесверот, Алберт Шнец, напиша неделникот, кој додаде дека за тоа биле имало донации од разни фирми.

hitler-sjv

Луѓето од таа тајна армија ги шпионирале лево ориентираните политичари, како социјалдемократот Фриц Ерлер.

Како што се наведува, нивна задача била во случај на напад на Германија од Советскиот Сојуз, да се префрлат во странство, а потоа од таму да тргнат во борба, како и да дејствуваат во државата во борба против комунистите, доколку би дошло до граѓанска војна.

Поранешниот и првиот повоен германски канцелар, демохристијанинот Конрад Аденауер како што се наведува, дури во 1951 година дознал за трупите на Шнец, но не е јасно зошто тогаш не реагирал, пренесува неделникот.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ