Карл Билд предложен за претседател на норвешкиот Нобелов комитет

Од:

Десничарските партии во Норвешка сакаат да го сменат поранешниот норвешки социјалдемократски премиер Торбјорн Јагланд кој моментно ја извршува функцијата претседател на норвешкиот Нобелов комитет, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Еден од кандидатите кој би можел да биде назначен на таа функција е шефот на шведската дипломатија Карл Билд, кој исто така е поранешен премиер и член на владејачката шведска конзервативна партија на Модератите.

– Ќе предложам да избереме меѓу Кофи Анан, Хилари Клинтон, Карл Билд или Јан Петерсен, вели Линда Хофстад Хелеланд, член на норвешката Десничарска партија. Норвешкиот Нобелов комитет, кој ја доделува Нобеловата награда за мир, го назначува норвешкиот Парламент. Смена на претседателската функција се очекува да се случи наесен, пишува норвешкиот весник „Верденс ганг“.

Би можело да ве интересира

Масовниот убиец Брејвик не е ментално болен, тврдат норвешките психолози и психијатри

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина