Најмалку 32 повредени во сударот на воз и автобус на патот Штип-Велес

Од:

Најмалку 32 лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа се случи утрово меѓу шинобус-воз и автобус во близина на бензинската „Мики петрол“ на патот Штип-Велес.

Директорот на Клиничката болница во Штип Александар Стојановски информира дека 16 лица патници од автобусот се донесени во болницата, и сите се во стабилна состојба.

– Сите 16 лица се во стабилна состојба, а 11 моментално се на хирургија. Еден поради повреда на рбетот е испратен во Скопје, изјави Стојановски.

Уште 16 повредени во сообраќајната несреќа се пренесени во велешката болница.

Како што информираат од болницата во Велес, тројца со потешки телесни повреди се испратени во Скопје. Од нив, еден е неконтактибилен, а другите се со повреда на кичмата и ребрата. Двајца се пуштени на домашно лекување, а останатите се на хирургија и им се спроведуваат прегледи.

Меѓу повредените, нагласуваат, е и една бремена жена која е во добра состојба.

Поради несреќата, во прекин е сообраќајот во делот од Овчеполската крстосница до Сарамзалино.

Би можело да ве интересира

Тешка сообраќајна несреќа кај Камењане, осум лица повредени

Тројца повредени во сообраќајка на патот село Караорман – Штип

Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на регионалниот пат село Караорман – Штип

Петмина повредени во сообраќајка на автопатот Скопје – Велес

Струмичанец e тешко повреден во несреќа кај кавадаречкото село Марена

Горан Наумовски

Две лица повредени во сообраќајна несреќа на скопската обиколница