Уметниците Саздовски со изложба во ЕУ инфоцентар

Од:

Во ЕУ Инфоцентарот вечерва во 19. 30 часот ќе биде отворена заедничка изложба на која со свои дела ќе се претстават уметниците Сашо Саздовски и Пандора Апостолоска Саздовска.

Академскиот скулптор Сашо Саздовски се претставува со својот последен творечки циклус „Фамилија“ во кој ги преиспитува неговите лични ставови и погледи на одредени глобални прашања со кои секојдневно се соочуваме.

Преку формата тој се обидува да ги долови клучните моменти во човечкиот живот како единка која припаѓа во одреден круг на едно општество.

Визуелниот уметник Пандора Апостолоска Саздовска го презентира своето последно дело „Детска игра“ каде ги истражува аспектите на војната од еден психолошки агол, колку војната и насилството имаат влијание врз децата.

„Гранична-територијална линија“ беше првата изложба од овој циклус на Саздовска со која се претстави во Виена, Австрија, по што следуваше проектот „Црвена линија“ кој го реализираше за време на студискиот престој во Абу Даби.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски