Камерон: Гари Барлоу треба да го задржи орденот доделен од кралицата

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон го отфли денеска барањето на опозиционите лабуристи, на Гари Барлоу фронтменот на поп групата „Тејк Дет“ да му се одземе одликувањето, што во 2012 година го доби од кралицата Елизабета ,за неговите заслуги во популарната музика и за ангажирањето во хуманитарните акции.

Барлоу се најде на удар на критиките, откако британската управа за јавни приходи обелодени дека оваа поп ѕвезда е меѓу оние Британци кои наместо да плаќаат данок, како сите другите, користат посебна шема која се означува како начин за заобиколување на даночните обврски.

Пратеничката на лабуристите Елизабет Хоџ, која раководи со парламентарната комисија за јавни трошоци, го повика Барлоу, како што рече, доколку има доблест,да го врати виското одликување.

Премиерот Камерон, меѓутоа, смета дека тоа не е потребно.Во разговор за утринската програма на телевизиската станица ИТВ, тој рече дека Барлоу има „направено многу“ за земјата.

Камерон, сепак, оцени дека е против користењето на една ваква шема, затоа што таа во крајна смисла значи неплаќање данок.

Одбегнувањето да се плаќа данок е кривично дело во Велика Британија, но заобиколувањето на даночните обврски, преку некоја посебно уредена шема, не е престап за кој се оди во затвор, иако се смета за неморално и нечесно кои сите другите кои си ги извршуваат даночните обврски кон државата.

– Насочувањето на приходите преку разни шеми е погрешно и владата треба да ги одврати луѓето да не го прават тоа, додека оние кои веќе го сториле, ќе треба да ги вратат парите , рече премиерот Камерон.

Гари Барлоу и тројца други членови на „Тејк Дет“ се меѓу илјада Британци кои наместо редовно да плаќаат данок, приходите ги насочувале преку специјална шема, во фонд за поддршка на музичката индустрија.

Тие тврдат дека за тоа добиле легален совет, верувајќи дека не сториле никаков престап. Таа шема не е кривично дело, но таа овозможува помалку плаќање данок, отколку кога би се плаќало преку Управата за јавни приходи.

Оваа британската управа ги даде на суд сите вакви случаи, а судот одлучи дека сите овие луѓе ќе мора да и ги вратат на државата парите што не и ги дале како даночни обврзници. Засега не се знае колку ќе треба да плати Барлоу, но се верува дека станува збор за висока милионска сума, што ќе треба да се усогласи со Управата за приходи.

Гари Барлоу го доби орденот по успешно организираниот концерт, пред Бакингамската палата во Лондон, по повод дијамантскаиот јубилеј на кралицата и нејзините 60 години на престолот.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска