Албанец малтретирал патници за време на лет од Цирих за Приштина во неделата, извикувајќи „Алах е голем“ и заканувајќи се дека ќе го запали авионот, пишуваат приштинските весници.
Маж на околу 35 години држел во рака чкорче кибрит и шише со непозната течност заканувајќи се дека ќе го запали авионот. Мажот извикувајќи „Алах е голем“ понал да се заканува веднаш по полетувањето на авионост со над 150 патници, пишува приштинскиот весник „Коха диторе“.
– Сите ќе одиме кај Алах! Сакате да одиме во рајот или во пеколот? Алах е бог, а Мухамед е неговиот пророк, во спротивно сме ништо, изјавил човекот, што ги малтретирал патниците на висина од десет илјади метри.
Косовската полиција не може да го потврди овој случај. Тоа не може да го направи ниту Валентин Гара, портпарол на меѓународниот аеродром во Приштина.
Како што јави дописникот на МИА, патници во авионот изјавиле дека мажот бил совладан од страна на печалбар од Косово, кој познавал боречки вештини.
Во вчерашниот лет од Цирих до Припштина бил и познат косовски пеач, кој сакал да остане анонимен.