Британските лабуристи нудат нов договор со Шкотска, наместо отцепување

Од:

Лидерот на британската опозициска Лабуристичка партија, Ед Милибанд им понуди на шкотските гласачи нов договор за унапредување на деволуцијата, доколку лабуристите победат на парламентарните избори во Велика Британија, предвидени за мај идната година.

Со новиот договор, што лабуристите ветуваат дека ќе го постигнат веднаш по нивната евентуална изборна победа, се предвидуваат нови овластувања за Парламентот во Единбург, посебно во секторот на оданочувањето, на бенифициите во домувањето и програмите за работа.

Според Милибанд, кој зборуваше на еден собир во Данди, натамошното доуредување на процесот на деволуцијата, се уште е желба на поголемиот број Шкотланѓани, наспроти референдумот за отцепување на Шкотска од Обединетото Кралство.

Одлуката за деволуцијата (префрлање на овластувањата, од Лондон на Единбург) и обновата на работата на шкотскиот Парламент, ја донесе првата лабуристичка Влада на Тони Блер, веднаш по победата на изборите во 1997 година.

– Ние како партија и сега сме посветени на деволуцијата, овојпат со план за реафирмација на целиот тој процес, рече Милибанд.

Лабуристите 50 години управуваа со Шкотска, која важеше за „упориште“ на оваа британска партија. На изборите во 2007 година, прв пат победи сепаратистичката Шкотска национална партија (СНП), со само еден пратеник повеќе во локалниот Парламент.

Оваа партија победи и на изборите во 2011 година, овој пат убедливо, што и овозможи да покрене процес за референдум за независност.

Референдумот се одржува на 18 септември годинава и на него гласачите ќе треба да се одлучат само за тоа дали сакаат нивната земја да стане независна држава.

Лабуристите и сега имаат многу повисок углед од конзервативците на премиерот Дејвид Камерон, па се верува дека тие може да одиграат значајна улога при определувањето на Шкотланѓаните, за независност или за зголемување на овластувањата на Парламентот во Единбург.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on