Бомби фрлени врз куќа во Радишани, повредени нема

Од:

Две бомби се фрлени ноќеска врз семејна куќа на ул. „Радишанска“ во Скопје. Една од бомбите експлодирала при што нема повредени, а предизвикана е само материјална штета на покривот од објектот. Се работи за семејството Зекири, кое ноќта пред изборите беше нападнато.

Како што информира помошник министерот при МВР Иво Котевски, инцидентот се случил 15 минути пред полноќ. Веднаш по нападот пристигната е екипа на МВР при што во дворот од куќата е пронајдена една неексплодирана направа, извршен е увид кој траел до раните утрински часови.

– Подигнати се траги од лице место. Подигната е и неексплодираната експлозивна направа, така што двете се предадени на вештачење во текот на денешниот ден. МВР ги презема сите неопходни мерки и активности за расчистување на случајот за откривање на сторителот или сторителите кои стојат зад овој инцидент, рече Котевски.

Тој додаде дека е разговарано со сопствениците на куќата и оти засега не може да се прецизира дали со видео надзорот, кој бил инсталиран на објектот, се снимени извршитетите. Сепак, како што истакна, ќе биде извршена детална анализа не само на видео надзорот, туку и на сите останати траги кои се подигнати од самото место заради побрзо откривање на сторителот.

Пред речиси еден месец кај истата куќа се случил инцидент, за кој Котевски посочи дека тој е целосно расчистен, биле поднесени прекршочни пријави против сите лица кои учествувале во нарушувањето на јавниот ред и мир, а против едно лице била поднесена и кривична пријава поради предизвикување општа опасност.

– Според сознанијата што ги имаме, на ова лице му е изречена мерка притвор, рече Котевски.

Тој изјави дека се уште е рано да се каже дали постои каква било поврзаност меѓу овие два инцидента. Во меѓувреме 30-тина членови од семејството Зекири чувствувајќи се небезбедни заминале во Германија и ќе бараат политички азил.

Би можело да ве интересира

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје